Вработените од „Еурокомпозит“ утре на протести пред владата, бараат гаранција за исплата на отпремнините

25.09.2018 | 18:55
Прочитано: 828

Државната фабрика „Еурокомпозит“ е во очајна состојба. Од каде ќе најдете пари за нашите плати, кога тонеме во долгови“, прашуваат вработените и најавуваат нови протести.  Велат, халите на прилепскиот загубар скоро еден месец се во мрак, бидејќи долгот за струја надминува 100 илјади евра. Нема пари ниту за плати, а нема ниту работа.

„Повеќе од 3 недели стурјата е исклучена, работа немаме никаква сите договори се прекинати. И поради тоа не можеме да земеме плата ни да  оствариме здравствено осигурување, апсолутно ништо во моментов не се случува. Нас владата ни вети и Анѓушев рече дека се обезбедени услови за работа во фабриката, но тоа е чиста лага, досега никакви услови немаме за работа.“ - вели Роберт Богданоски.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев вчера рече дека до крајот на септември ќе заврши процесот со кој треба повеќе од стотина вработени да бидат прогласени за технолошки вишок и да бидат згрижени од државата.  Загубите во компанијата пак, кои надминуваат повеќе од 5 милиони евра,  вели се резултат на погрешното менаџирање во минатите години и вети дека за една до две години, со предстечајна реорганизација ќе се дојде до трајно решение.


Ирена Каревска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.