Вон победичка на спустот во Оре, но Кристалниот глобус во рацете на Гоџа

14.03.2018 | 19:18
Прочитано: 840

Американката Линзи Вон остана без малиот кристален глобус и покрај триумфот на спуст- трката во Шведски Оре.

За победа во вкупниот пласман, на Вон и беше потребна победа во Оре, но со услов Италијанката Софија Гоџа да не биде подобро пласирана од третото место. На крајот Гоџа заврши на втората позиција, со шест стотинки побавно време од победничката Вон. Тоа беше доволно за малиот кристален глобус да и припадне на Италијанката со 509 бода, или три повеќе од Американката во вкупниот поредок.

На Линзи Вон за утеха и останува тоа што со оваа 82-ра победа во кариерата е се поблиску до рекордот на најуспешниот алпски скијач на сите времиња, Ингемар Стенмарк, кој 86 пати бил највисоко на победничкиот подиум.

Во Генералниот пласман во Светскиот куп, иако има уште три трки до крајот, победник е Американката Микаела Шифрин (1.673 бода), пред Швајцарката Венди Холдер (1.068) и Германката Викторија Ребенсбург (897)


Слаѓан Извковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.