Воени претставници од двете Кореи на разговори за намалување на тензиите по границата

14.06.2018 | 09:07
Прочитано: 660

Воени претставници на Северна и на Јужна Кореја почнаа преговори за намалување на тензиите по силно обезбедуваната граница.

Можно е севернокорејските претставници на преговорите во граничното место Панминџон да побараат од Југот цврсти гаранции за прекин на заедничките воени вежби со САД, наведуваат американски медиуми.

Министерството за одбрана во Сеул соопшти дека на денешните преговори ќе се разгледува намалување на воените тензии и прекин на опасност од војна, постигнати на средбата на врвот меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.