Во струмичко освен жени - жртви на семејно насилство и мажи

14.03.2018 | 12:19
Прочитано: 1737

Се повеќе мажи од југоистокот пријавуваат дека се жртви на семејно насилство. Се жалата на психичко малтретирање од своите сопруги или од најблиските. Вака покажува статистиката на СВР Струмица каде се покренуваат постапки за сите општини од овој дел на државата. Според Хризантема Рендевска во 2017 дури 113 мажи пријавиле дека се жртви на семејно насилство, а како сторители се јавуваат дури 58 жени.

„Најчесто жртви се јавуваат мажи – 113 и бројката не е занемарителна и жени 285. Најчесто сторителите по пол, машки имаме  344 и женски 58, значи не изостануваат сторители од женскиот пол“ вели Хризантема Рендевска – портпарол на СВР Струмица

Според евиденцијата од пријавените случаи на семејно насилство, најчесто жртвите се жалата на психичко малтретирање, а во 122 случаи е констатирано физички напад за што се изречени кривични пријави.

„Целта е да се подигне свеста, дасе избегнат стереотипите и да се направи една рамка со која ќе се овозможи зајакнување на жртвата во системот, а тоа ќе се  врши и преку пропаганда, кампања за спречување на семејно насилство и насилство врз жените“, вели Нетка Ковачева – правен застапник на жртвите на семејно насилство

На дебатата за родовото базирано насилство  струмичките социјалдеморкатки  побараа ратификација на Истанбулската конвенција за заштита од родово базирано насилство но и заедничко дејствување на институциите со соодветна програма за работа и со жртвите и со насилниците.


Ване Трајков
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.