Во Србија исчезна новинар кој работел на истражување на убиството на Оливер Ивановиќ

14.06.2018 | 10:46
Прочитано: 2467

Српската полиција распиша потерница по новинарот Стефан Цветковиќ откако било пронајдено неговото напуштено возило.

- Во полициската станица во Бела Црква ноќеска е пријавено за паркирано возило марка Поло, на кое била отворена вратата и вклучени светлата - соопшти МВР на Србија.

За случајот е известено Обвинителството и полицијата по него интензивно трага, јавуваат српски медиуми.

Цветковиќ работеше на извештаи за убиството на косовскиот политичар Оливер Ивановиќ и во мај оваа година беше задржан на преминот Јариње и спроведен до полициска станица поради информативен разговор. Во февруари во Белград одржа прес конференција под наслов Колку чини ликвидација на север на Косово, и покажа фотографии од лица кои биле наводно, вмешани во ликвидација на Ивановиќ и изнесе тврдења дека атентатот бил платен 40.000 евра.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.