Во пожар во охридското село Песочан настрада старец

18.02.2018 | 22:13
Прочитано: 1405

Постаро машко лице настрада во пожар што попладнево ја зафатило куќата во која лицето живеело само во охридското село Песочан околу 18 часот била алармирана територијалната против пожарна единица во Охрид која веднаш интервенирала со десетина пожарникари кои кога пристигнале на местото на пожарот веќе забележале дека покривот на објектот попуштил од пламените јазици.За брзо време пожарот бил локализиран но не успеале да го спасат старецот чие безживотно тело било пронајдено во куќата. Причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат со истрага.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.