Во Кочани почна жетвата на оризот, но без утврдена цена и обезбеден откуп

14.09.2018 | 18:41
Прочитано: 939

Оризот во кочанско почна да се жнее. Но, отсуството на контрола на тоа што се сее и со кој квалитет се препаратите што се користат и годинава донесе просечни приноси.

Жетвата стартува порано и се уште не е утврдена ниту цената ниту е обезбеден откупот. Дополнителен проблем е и генетски модифицираниот ориз најден во неколку мостри при контрола на Агенцијата за храна и ветеринарство.  Тоа може да направи проблеми со извозот во време кога стартува жетвата, а 30 % од ланската реколта се уште се чува во амбарите.

Земјоделцте бараат заштита од државата- строга контрола на семенскиот материјал, бидејќи годинава по нивите се сеело кој како ќе се снајде.

Земјоделците признаваат дека купуваат поевтитни препарати, а дел од нив набавуваат и семе без соодветни сертификати, но тврдат дека тоа го прават затоа што наназад неколку години работат со загуба.

За да се реши проблемот земјоделците предлагаат решение. Наместо бел ориз да се откупува оризова арпа. Бараат и средба со Министерот за земјоделство и системско решавање на проблемот со семенскиот материјал, во спротивно најавуваат  блокади на патиштата кон крајот на месецов, кога ќе се интензивира жетвата.


Виолета Кожинкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.