Во Кавадарци со службени картички точеле безнин во приватни автомобили

23.01.2018 | 17:33
Прочитано: 5744

Поранешниот градоначалник на Кавадарци и поранешниот секретар на општината добија кривична пријава за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Секретарот на општината се сомничи дека со општински пари си полнел гориво во приватното возило, а градоначалникот се сомничи дека го дозволил делото.

„К.Д. како секретар на општина Кавадарци во периодот од 2012 до 2016 година, спротивно на правните акти на општината, ја користел Верна картичката при набавка на нафтени деривати за патување, при што дел од горивото користел и за приватното возило, со што го оштетил буџетот на локалната самоуправа Кавадарци за 360.000 денари.“

Поранешниот градоначалник, Александар Панов за телевизија 24 вели дека веќе биле повикани на разговор за оваа кривична. Панов потврдува дека секретарот  и советниците во општината ја користеле Верна картицата на приватните автомобили, но вели дека имало законски основ за тоа.

Панов додава дека вработените во општината не си наплатиле амортизација кога ги  користеле приватните возила за службени цели и додава дека кривичната има политичка заднина.


Кристина Атовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.