Во какви услови живеат и работат лицата со попреченост?

24.02.2017 | 18:09
Прочитано: 1700
Лицата со попреченост немаат основни услови за движење. Квалитетни дактилни патеки, звучни сигнали во јавниот превоз и персонал кој ќе ги спорведе во јавните здравствени институции се главните барања на оваа категорија граѓани.
 
Тие велат дека нема институција која има направено услови за лицата со попреченост. 
 
„Поставувањето на такви патеки во централното градско подрачје во Градскиот парк не излегоа како функционални. Повеќе претставуваат пепрека за слепото лице отколку помош“ - изјави Благица Петровска.
 
И народниот правобранител ги констатитал лошите услови за ла лицата со попреченост. Тој смета дека државата не направила доволно за овие граѓани. Мемети вели дека овие лица ретко поднесуват претставки.
 
„Многу заложби но, реално, малку се прави. Нивните основни барања се засновани за пристапот. Тоа лице нема пристап како другите граѓани до институциите на државата, а нашите истражувања го потврдуваљат тоа.“ - изјави Иџет Мемети.
 
Министерот Ибрахими на националниот семинар: Децата со попреченост низ лупата на Конвенцијата на ОН рече дека минситерството презема мерки и го зголемило паричниот надомест за овие лица на 5 541 денар. 
 
„Министерството за труд и социјална политика воведе низа мерки во насока на помош на тие лица. Впрочем, 32 дневни центри во кои секојдневно по 500 деца поминуваат заедно, а надоместокот којшто е за овие лица го зголемивме за 25 проценти“ - изјави Ибрахим Ибрахими.
 
Меѓународната јавност ја поздрави идејата децата со посебни потреби да учат во исти паралелки како сите останати деца, но рече дека Македонија има уште многу работа. 
 
„Задоволство ми е што се одвиваат такви активности, особено тука би ги потенцирал активностите поврзани со вклучување на овие деца во редовните теркови на образованието“ - изјави Џон Патрик Кларк од Европскиот форум на лица со посебни потреби 
 
Според податоците од министерството за труд и социјална политка, 7261 лице со попреченост и 180 лица со аутизам користат паричен надомест од државата. Сепак, главен проблем на овие лица  е недостатокот на услови за непречено движење. 
 

Кристина Атовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.