Во Грција запленет брод со материјали за изработка на експлозив

10.01.2018 | 18:59
Прочитано: 2089

Грчката крајбрежната стража денеска конфискуваа брод, кој носел материјали за изработка на експлозив и уапсени се осум членови на екипажот, соопшти денеска крајбрежната стража.

Бродот, кој пловел под знаме на Танзанија, е откриен во близина на Крит, а на него се пронајдени 29 сандаци во кои имало амониум-нитрат, детонатори и 11 празни резервоари за течен нафтен гас.

Бродот испловил од турското пристаниште Мерсин и пловел кон Џибути, но подоцна му била сменета рутата и како крајна дестинација било наведено либиското пристаниште Мисрата.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.