Во Градскиот парк одбележување на Европската недела на имунизација

21.04.2018 | 13:25
Прочитано: 465

Под традиционалното мото „Заштити, спречи, вакцинирај“ по 13-ти пат годинава ќе се одржи Европската недела на имунизација.

Преку забавно-едукативен настан, во организација на Министерството за здравство, на кој ќе учествуваат деца од повеќе градинки и училишта од Скопје, ќе се подигнува свеста за потребата од вакцинација.

Според информациите од Министерствтото во Македонија последниве три години континуирано паѓа опфатот на имунизација. Со тоа, според здравствените власти Македонија веќе е во групата на високо ризични земји за појава на заразни болести.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.