Во Чаир отворена нова продавница на „Електрометал“

09.08.2018 | 12:07
Прочитано: 1406

„Електрометал“ отвори нова специјализирана продавница во населбата Чаир во Скопје.

Продавницата која што е опремена со специјализирана опрема, наменета претежно за мајстори е четврта, а во иднина ќе се отворат 18 продавници на територијата низ целата држава.

Директорот на „Електрометал“, Александар Медаровски потенцира дека фирмата во иднина ќе го раздели својот концепт, едниот концепт ќе биде дом, а вториот концепт се специјализирани продавници, претежно за мајстори.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.