Во БиХ уапсен контроверзниот Здравко Мамиќ, се бара екстрадиција во Хрватска

14.06.2018 | 14:58
Прочитано: 1279

Првиот човек на загрепскиот фудбалски клуб Динамо, Здравко Мамиќ е уапсен во БиХ по распишаната потерница во Хрватска, кадфе првостепено е осуден на 6,5 години затвор поради малверзации во спортот.

Тој најви дека во Судот на БиХ ќе се изјасни против екстрадиција во Хрватска. Во изјава за сараевски „Кликс“, Мамиќ изјави дека приведувањето минало во ред и оти се наоѓа на пат кон Сараево.

- Одам на суд. Луѓето кои ме приведоа убаво се претставија и се мина во ред. Јас им кажав дека ги очекував. Тоа го знае цела нација, мораа да ме идентификуваат бидејќи е распишана потерница - изјави Мамиќ, кој има и босанско државјанство.

Поранешниот извршен директор на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ, на 6 јуни бешее осуден на шест и пол години затвор поради финансиски малверзации во клубот.

Освен Мамиќ, затворски казни добија и неговиот брат Зоран, како и поранешниот прв човек на Динамо Дамир Врбановиќ и даночниот службеник Милан Пернар.

Окружниот суд во Осиек го осуди Здравко Мамиќ на вкупно шест и пол години затвор, Зоран Мамиќ доби четири години и 11 месеци, Милан Пернар четири години и два месеци, а Дамир Врбановиќ три години затвор.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.