Во Апелација јавна седница и за пратеникот Сашо Василевски

12.01.2018 | 10:42
Прочитано: 1417

Во Апелациониот суд за денеска во 12.30 часот е закажана уште една јавна седница на која ќе се расправа по жалбата за продолжениот притвор на пратеникот Сашо Василевски.

Василевски е осомничен дека заедно со други пратеници ги отворил вратите во Собранието на 27 април, кога се случи упадот во Собранието и беа нападнати пратеници и новинари.

Вчера во Судот се разгледуваа жалбите за продолжениот притвор на поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, на поранешниот директор на Македонската опера и балет Игор Дурловски, како и за жалбите на Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање и Душко Лазаров, началник за специјални операции во МВР.

Во текот на денот се очекува судот да објави дел од одлуките за жалбите.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.