ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев и СДСМ стојат зад криминалот и корупцијата во државата

10.08.2018 | 09:49
Прочитано: 3053

„Македонија никогаш во својата историја откако е член на групата на држави во борба против корупцијата при Советот на Европа не добила негативен извештај од ГРЕКО. Очигледно е дека Зоран Заев и СДСМ стојат зад криминалот и корупцијата во државата. Причината за тоа е јасна, владата на СДСМ е дувло на корупцијата во државата, а партиските и државните функционери на СДСМ поим за корумпирани политичари“ сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

„По примерот на Заев, органите на прогонот го преквалификуваа обвинението и за градоначалникот на СДСМ во Ново Село, Боро Стојчев за кој Заев повеќе пати кажа дека е негов личен пријател. Јавниот обвинител, исто како во случајот на Зоран Заев, недостасуваше само уште да му се извини што му го нарушиле мирот и го вознемириле додека тој криумчарел“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата со став дека „Нулата во економијата, Заев ја дополни со незадоволителна оценка единица во борбата со корупцијата. Не можеме да очекуваме ништо повеќе од криминалниот картел на власт кој единствено работи за своите интереси и се богати на грбот на обичниот граѓанин“.
  


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.