ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја задолжи државата за нови 7.1 милион евра со камата од 3.2 милиони евра

21.06.2018 | 11:22
Прочитано: 3200

„Зоран Заев и криминалниот картел кој го води, ја задолжија државата за нови 7.1 милиони евра. Додека го продава името, Заев не пропушти да ги задолжи граѓаните.
Власта се задолжи на 15 години со годишна каматна стапка од 3%. Тоа значи дека за земените 7.1 милион евра за 15 години ќе вратиме 3.2 милиони евра само за камати. Заев зема 7.1, а ќе треба да се вратат 10.3 милиони евра“.

Ова меѓудругото стои во соопштението испратено до јавноста од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на сметка на премиерот Зоран Заев.

Од опозициската партија истакнуваат дека „Расипништвото на власта само за првите 3 месеци од годината ги чинеше граѓани 300 милиони евра нов долг“.

„Заев ја фрла ги фрла идните генерации во должничко ропство. За првпат во историјата на Република Македонија со СДСМ јавниот долг надмина 5 милијарди евра, додека државниот долг надмина 4 милијарди“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.