ВМРО-ДПМНЕ обвинува за очајна храна во штипската болница, директорот негира

16.05.2018 | 21:11
Прочитано: 2643

Храната што ја јадат пациентите во штипската Клиничка болница ниту е доволна ниту е безбедна, тврдат од ВМРО ДПМНЕ. Тие на прес конференција обвинија дека компанијата што од пред два дена почна да носи храна за болните не ги исполнува ниту основните стандарди. Велат дека храната се подготвува во овој објект и бараат институциите да направат вонредни контроли.

„Како е возможно тендерот од 270 илјади евра за готови оброци за болнички пациенти да ги добие компанија која е ќерка на фирма градежна компанија и која нема ниту ден искуство  со производство на храна за комерцијални цели и не е регистрирана за кетеринг услуги“, вели  Љубе Здравков, ВМРО-ДПМНЕ

Директорот на штипската Клиничка болница тврди дека компанијата што го доби тендерот ги поседува сите потребни дозволи од надлежните институции. Немало жалби од останатите компании, а нивната понуда од 14 милиони денари на тендерот била најниска. Вели дека условите за подготовка на храната претходно биле очајни поради што се одлучиле за надворешна компанија.

„Фирмата која го има добиено тендерот има добиена уредна дозвола од Агенција за храна за вршење на таа функција, има сопствено воило за таа немане и пациентите ќе го видат благодетот и начинот на кој ќе игледа храната додека се во болницата“, вели Ален Ѓеорѓиев - директор на штипската Клиничка болницата

Според податоците од Централниот регистар, компанијата Бравиа е со седиште на улицата Борис Кидрич во Штип, регистрирана е пред три години, како компанија за подготвка и послужување на храна.


Виолета Кожинкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.