ВМРО-ДПМНЕ: Македонија не доби аплаузи, денеска Македонија доби шамари

11.07.2018 | 20:01
Прочитано: 3932

Македонија не доби ниту безусловна покана за нато, ниту датум за почеток на преговори со Европската унија. Македонија со сдсм доживува вистинско дипломатско фијаско – реагираа вечерва од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат, македонската дипломатија крахираше и за тоа мора да се понесе одговорност.

Условите за членство во НАТО, Република Македонија ги има исполнето уште во 2008 година. И сите последователни извештаи го потврдуваа тој напредок. Тоа што сега го направи Заев што ја донесе државата во ситуација да биде заложник на еден исклучително штетен договор кој во својата основа е капитулантско дело.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.