ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Талат Џафери

14.03.2018 | 20:15
Прочитано: 3358

ВМРО-ДПМНЕ нема да го признае законот за јазиците. Партијата смета дека е донесен спротивно на деловникот на уставот, во сценарио спроведено од страна на спикерот џафери и премиерот Заев.

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски најави кривична пријава за спикерот Џафери и инцијатива до Уставниот суд за оспорување на законот. Сепак, Мицкоски нема да го напушти дијалогот со власта за реформските закони.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Талат Џафери поради флагрантно кршење на уставот и законите. Ова е закон кој ВМРО-ДПМНЕ нема да го признае. Дополнителноќеподнесеме иницијатива во уставниот суд за оценка на уставноста на овој неуставен закон.“ - изјави Мицкоски.

Лидерот на вмро-дпмне не се огради од инцидентот кој го предизвика неговиот претходник, Никола Груевски. Вели дека се работи за разбирлива емотивна реакција.

„Емотивен ден врз основа на тие емоции како резултат на акција што се случува и реакција. Ова беше тежок ден за државата и демократијата.“ - изјави Мицкоски.

Мицкоски вели дека и останатото делување на партијата во однос на законот за јазиците ќе биде презентирано на јавноста во следните неколку дена.


Анита Буховски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.