ВМРО-ДПМНЕ ќе избира нов извршен комитет
12.01.2018 | 14:00
Прочитано: 901
ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе го избира новиот извршен комитет на партијата. Според информациите, претходно ќе биде свикaн Централниот комитет кој треба да одлучи кој ќе членува во извршното тело на партијата.
Според најавите, во новиот извршен комитет се очекува да влезат многу нови лица, а дел од постарите кадри да се повлечат. Измените во партиското раководство доаѓаат во време кога ВМРО-ДПМНЕ не учествува работата на Собранието поради апсењето на триесетина лица за настаните од 27-ми април.
Покрај кадровските, опозициската партија најавува и статутарни промени во согласност со оние на европските народни партии. Се најавува и избор на повеќе потпретседатели, нешто што не беше случај во мандатот на Никола Груевски.
Post new comment