ВМРО-ДПМНЕ: Додека ја продаваат државата се прави огромен криминал

12.07.2018 | 09:10
Прочитано: 1157

„Градоначалникот на Ново Село не е единствениот функционер на власта за кој што постојат сериозни индиции за криминал. Наместо обиди за дефокусирање од големите криминали, јавноста очекува истраги за сомнителните милионски тендери на Заеви, Анѓушев и Спасовски. Заради нив Македонија е на дното на листите за корупција и срам за цела Европа“. Ова меѓудругото стои во денешното соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека „Доколку властите не поткренат истраги за милионските тендери во РЕК Битола и вмешаноста на камионите на Заеви, милионските тендери на Анѓушев,  како и милионскиот тендер за набавка на возила за МВР распишан од Спасовски, ќе се потврдат сомнежите дека ова е само дефокус од милионскиот криминал“.
   
„Додека ја продаваат државата се прави огромен криминал, се осиромашуваат граѓаните, а се богатат неколку луѓе блиски до  власта. Вчера Зоран Заев и повторно и покажа на целата македонска јавност зошто СДСМ не треба да управува со Република Македонија. Од странска телевизија го слушнавме премиерот како се гордее со фактот дека ги исполнил сите грчки црвени линии, што прифатил промена на името, географска одредница, и истото да биде за севкупна употреба“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ.
   


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.