ВМРО-ДПМНЕ бара ЈО да отвори постапка за вицепремиерот Анѓушев

21.07.2018 | 18:47
Прочитано: 4344

Јавното обвинителство да отвори постапка за 160 000 евра што од Фондот за иновации и технолошки развој легнал на сметката на Каст инвест, компанија во која малцински сопственик е вицепремиерот Кочо Анѓушев, бара опозицијата.

Оттаму велат дек Анѓушев и првиот човек на фондот, Јован Деспотовски мора да си поднесат оставки.

„Пред една недела, вицепремиерот Кочо Анѓушев излезе на говорница и рече дека му било “чест и задоволство и голема радост” што фондот за иновации делел 10,5 милиони евра!. Па како нема да му биде кога на фирма во која што како сопственик тој фигурира негова компанија се доделуваат 160 000 евра” - вели Димче Арсовски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Анѓушев е втор функционер кој се најде во ваква ситуација, зашто и печатницата каде акционер е пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец доби пари од истата програма на Фондот. Но, СДСМ денес застана во одбрана на функционерите. Побара да се проверат сите постапки.

„Доколку се утврди каква била неправилност или конфликт на интереси, одлуките да бидат ревидирани и исправени. Вицепремиерот во целост го испочитува Законот за судир на интереси со стапување на функцијата и се откажа од управувачките функции во компаниите“ - велат од СДСМ.

Од Кабинетот на вицепремиерот Анѓушев велат дека нема да си поднесе оставка. Го повторија ставот дека нема судир на интереси и дека тој нема што да крие пред јавноста. Одговорност не чувствува ниту директорот на Фондот Јова Деспотовски.

Програмата за мали и за средни претпријатија е дел од Планот за економски раст, чиј главен промотор е вицепремиерот Анѓушев, а токму тој заедно со премиерот ги поделија чековите на компаниите. Од тука се поставува дилемата дали постои судир на интереси затоа што Анѓушев се најде од двете страни на процесот. И како промотор и како корисник на програмата.

 


Сунаи Сабриоски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.