Влатко Ѓорчев сведочеше за обидот за убиство на Села

15.05.2018 | 20:08
Прочитано: 3512

Обвинетиот Александар Јаневски-Тошта, бил меѓу првите кој се приклучил да ги брани пратениците за време на „Крвавиот четврток“, лани во Собрание- вака околу 2 часа и на предлог на одбраната сведочеше пратеникот Влатко Ѓорчев.

Според неговите зборови, Јаневски-Тошта активно и пожртвувано ги бранел нападнатите во прес-салата и не дозволувал други  да влезат во просторијата каде што веќе се чувствувала голема тензична атмосфера.

На прашање на обвинителот, како од ќошот во прес-салата Села паднал во раце на напаѓачите, Ѓорчев одговори дека, не ги видел насилниците, ниту пак знае како и кога оштетениот бил изнесен од просторијата. Истака и дека во првите моменти, воопшто не ни знаел дека повредениот кој лежел на под, пред него е Села, бидејќи со лицето бил свртен кон под. Подоцна дознал дека тој е тешко повреден.

„Откако ги евакуирав повредените, крвави и истоштени пратеници во мојата канцеларија, слушнав дека пратеникот Зијадин Села е тешко повреден и дека се наоѓа во канцеларија на третиот кат во собраниската зграда. Отидов таму. Бев со Никола Тодоров и со медицинска екипа. Села беше тешко повреден, едвај зборуваше. Му реков дека ќе излеземе оттука. Го прашав дали знае која крвна група е. Едвај проговори. Со пенкало ја напишав на дуксерот во кој беше пресоблечен. Потоа го евакуиравме преку собраниските гаражи“ - изјави Ѓорчев.

За време на судењето,  Јаневски-Тошта стана, но манесто да постави прашање како што помисли судијката тој му се заблагодари на Ѓорчев за сведочењето. Освен Јаневски-Тошта, за обид за убиство на Села обвинети се уште 9 лица, од кои двајца се во домашен притвор.

Следното рочите треба да продолжи во четврток.


Елена Милошевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.