Властите во два кинески града казнети за фалсификување на податоци за загадување

15.01.2018 | 09:41
Прочитано: 548

Претставници на локалните власти во два кинески града се казнети поради манипулирање со опремата за мониторинг на загадувањето, со цел нивото на смог во градот да биде прикажано помало од загадувањето кое го има во реалноста, соопшти кинеското министерство за животна средина.

Осомничените ги прскале со вода сензорите за квалитет на воздухот, за да ги прикажат пониски нивоата на штетните гасови. И двата града се познати како големи производители на алуминиум и бакар.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.