Власта го донесе законот на „сила“, Груевски крена рака на Џафери

14.03.2018 | 23:49
Прочитано: 10210

Законот за употреба на јазиците власта го донесе надвор од процедурата, без воопшто да се споменат амандманите поднесени од опозицијата, Никола Груевски во соло акција, поддржан од дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ предизвика инцидент, кој за влакно не заврши со тепачка.

Тензијата во собраниската сала ескалираше кога Џафери не даде процедурална на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и тргна да ја отвори точката за јазиците, екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се качи до првиот парламентарец, а инцидентот за влакно не стана физички, откако Груевски крена рака на Џафери.

Собранискиот претседател по завршување на седницата игнорирањето на амандманите го правдаше со одредби кои како што тврди му даваат законско право, Објаснување зошто воопшто беа ставени во процедура и зошто Џафери пратил допис до пратенциите зa поднесување на амандмани. Не одговори дали ќе понесе одговорнсот доколку законот падне на Уставен. Пресот симболично го почна на албански јазик, а на фејсбук се пофали дека законот се донел.

Џафери порача дека за однесувањето на Груевски ќе цени јавноста и најави дека нема да превземе ништо.

За рaзлика од ДУИ и пратенците на Ахмети кои се гласни во пофалбите на социјалните мрежи и во Собранието, нивните каолициски партнери молчаливи околку донесувањето на законот надвор од процедура. Единствено на својот фејсбук профил на граѓаните за законот им честиташе пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири.

Молчат и од кабинетот на претседателот Иванов, дали тој ќе го потпише законот како што стои во Уставот доколку биде трет пат донесен или пак повикувајќи се на прекршена процедура нема да го потпише.

 


Душица Мрѓа
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.