Владејачкото мнозинство носи закон ДИК да се бира со 61 глас наместо со двотретинско мнозинство

17.07.2018 | 20:07
Прочитано: 6907

Драматично и тензично во законодавниот дом – владините измени со кои Државната изборна комисија  би требало да се бира со 61 наместо со 82 гласа  ја зовреа политичката сцена.

Опозицијата обвини дека се силува демократијата и се погребува паралментаризмот, Владата измените кои влегоа во процедура по скратена постапка и со европско знаменце ги правда со деблокада на ДИК која велат е поради криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.

Состојбата дополнително ескалираше откако собарнсикиот спикер Талат Џафери не му даде процедурално на пратеникот Илија Димовски – Џафери вели Димовски не е координатор, тој пак дециден води една од пратеничките групи на ВМРО ДПМНЕ.

Потребата од скратената постапка мнозиснтвото ја изгалса од втор  пат без опозициски партеници во салата. Колегите од опизцијата им порачаа дека во законодавниот дом треба да функционира само една комисија – онаа за европски прашања, а наместо да се гласа  Џафери да решава за се. Мнозинството молчаливо од собрансиката говорница, од прес центарот им фрли ракавица – доколку опозицијата предложи кандидати за ДИК ќе ги повелчат измените.

Бидејќи законот е со европско знаменце тој ќе оди на комисија за европски прашања исто како законот за јазици и ратификацијата на договорот со Грција, каде дискусијата е ограничена. Со измените се намалува мнзоиснтвото за избор на ДИК од двотретинско  на апсолутно, а се укинува и улогата на комисијата за избори и именувања, така што кандидатите ќе одат директно на пленум. Власта и опзицијата ќе имаат уште шанса да ги испеглаат ставовите – бидејќи на утрешната лидерска на која според партиски избори ќе дојде Христијан Мицковски,  клучно прашање ќе биде токму изборот на ДИК  и владините измени во изборниот законик. Изборот на ДИК е загалвен откако ВМРО ДПМНЕ поддршката ја услови со закон за финансирање на партиите и пржинска влада, за што велат се договориле со СДСМ кога ВМРО ДПМЕ ги гласаше  реформските закони. Премиерот Зоран Заев  пак порача дека нема потреба од техничка влада пред избори.


Сандра Бошковска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.