Владатa тврди ребаланс ќе има, но не и корекција на економскиот раст

22.04.2018 | 17:28
Прочитано: 1302

Бизнисот со спротивставени ставови, по најавите дека Владата кон средината на годината ќе ја прекројува државната каса. Дел од бизнисмените сметаат дека ребалансот на буџетот е непотребен, дел пак дека тоа ќе го овозможи предвидениот економски раст од 3,2 отсто.

„Добро е оние средства што се најавени да бидат насочени кон економијата, и кон потрошувачката економија, иако како што се најавува плати зголеми плат во јавната администрација се директна конкуренција, но индиректно значи зголемување на потрошувачката, еден дел од равенката за економски раст“, вели Миле Бошков, Конфедерација на работодавачи на Македонија.

Дел од стопанството пак и натаму стравува дека ќе продолжи старата пракса, секогаш кога има ребаланс да се крати од капиталните инвестиции и затоа алармира дека се додека не се реализираат 80 проценти од планираните капитални инвестиции за годинава, во вредност од 400 милиони евра - ребаланс не смее да има.

„Најавите за ребаланс значат дека буџетот не бил добро испланиран. Секој ребаланс ќе значи и одолговлекување на реализацијата на активностите. После економската криза, бизнисот нема време за чекање, владата требада е похрабра и да го зголеми интензитетот на капиталните инвестиции. Како што времето поминува се поизвено е дека нема да се постигне раст од 3,2 %“, сметаат од Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Владата со став дека – со ребалансот нема да удри на капиталните инвестиции, туку напротив, заштедени 25 милиони евра од јавните претпријатиа ќе се насочат кон инфраструктурни проекти.

Премиерот Заев, пак посочува дека ако треба ќе прави и неколку ребаланси годишно само за да реализираат капиталните проекти, а додава и дека нема да има корекција на проекцијата за економски раст. Наспроти песимистичките оценки на меѓународните институции кои ги намалија проекциите за македонската економија, министерот за финансии Тевдовски, во интервју за Гласот на Америка со оптимистичка оценка.

„Во јануари и февруари годинава во споредба со претходната година, индустриското производство расте за 5,6 проценти. Има сериозен раст на извозот околу 24 проценти“, вели Драган Тевдовски, министер за финансии.

Според Тевдовски стимул за растот на економијата ќе биде и безусловната препорака на Европската комисија за почеток за преговорите за членството.


Ирена Смиљанска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.