Владата треба да избере едно од две зла за доизградба автопатот Кичево - Охрид

13.03.2018 | 17:33
Прочитано: 7066

Вицепремиеорт Анѓушев открива дека се настанати сериозни проблеми  во преговарите за доизградба на автопатот Кичево-Охрид. Според Анѓушев Македонија или треба да го раскине договорот со кинеската Синохидро за што треба да плати пенали, или да ја продолжи соработката и да издвои дополнителни пари. Неофицијално Кинезите за доиградба на делницата побарале дополнителни 145 милиони евра, сума која неколкупати беше спонемувана и од владините претсавници.

„Сме во преговори со Синохирдо , но ситуацијата не е лесна и владата е ставена пред позиција да одлучи, помало од двете зла. Се бараат нови сретства над тие кои се потпишани во договорот, се бараат одредени услови кои некои фирми мислам дека ќе ги доведе во непријатна ситуација.“ - изјави Кочо Анѓушев, вицепремиер.

Во моментот владата преговара со кинеската компанија за продолжување на рокот за доизградба на автопатот за уште три години. Ако успее да се договори ќе се потпише анекс, по што ќе се пристапи во преговарање за дополнителната сума пари, за која исто така треба да има анекс договор.

Инаку проблемите на автопатот Кичево-Охрид биле тема и на синоќешната координација во Владата на која присиуствувал и поранешниот управител на Трансмет Сеад Кочан, потврдуваат од владата. На средбата со вицепремиеорт Анѓушев присуствувале и пресавници  од градежните компании, „Гранит„, „Бетон“, како и „Илинден, од кои дел се вклучени во изградбата на Кичево
-Охрид.

„Во владата беа повикани сите изведувачи на инфраструктурни патни делници. Трансмет беше поканета врз основа на наследени стари договори заради исполнување и проверка на обврските кои треба да се затворат. Присуството на преставниците на компаниите е нивна самостојна одлука.“  - велат од Влада на Р.М.

Автопатот до Охрид со должина кој е со должина од 57 километри требаше да биде готов во јануари годинава. Цената на потпишаниот договор за овој автопат беше 373 милиони евра, но со дополнителните средства што за доизградба ги бара кинеската компанија тој ќе чини над половина милијарда евра, или еден километар автопат државата ќе го плати 10 милиони евра.


Ирена Смиљанска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.