Владата се уште не ја утврдила стапката за прогресивно оданочување

22.06.2018 | 17:28
Прочитано: 2235

Не е точно дека Владата ги има утврдено стапките за персонален данок по кои во 2019 година треба да почне прогресивно оданочување доходот, вели премиерот Зоран Заев. Според премиерот анализите се во тек, а за носењето на одлуките колкави ќе бидат стапките за прогресивно одданочување ќе се консултира јавноста преку отворена дебата. Сепак Заев вели дека Владата нема да откаже од идејата за фер даночење.

„Владата заедно со парлементот ќе оцениме кога е вистинското време да ја отвориме дебатата. Ние не сакаме дебатата да се отвори во време кога очите на јавноста се вперени во други важни работи. Не е точно тврдењето дека Владата одлучила дека до 1000 евра да се плаќа десет посто, а над таа сума да се плаќа поголем данок, не е точно тоа“, вели Зоран Заев - премиер

Дел од стопанствениците кои веќе рекоа дека државата прво треба да му помогне на бизнис секторот да се развие, па потоа да бара поголеми давачки од фирмите и граѓаните сега се воздржуваат од коментари во врска со стапките за даночење кои протекоа во јавноста како дел од работната верзија на Законот за персонален данок.

„Јас би кажал дека во моментот ги следиме случувањата. Кога на ниво на Комора ќе имаме соодветен став ќе го соопштиме“, вели Александар Зарков - извршен директор на ССК

Според деловите од драфт верзијата на законот за пероснален данок, објавена на фејсбук страницата на Фискална транспарентност, со 10 проценти пероснален данок ќе се оданочуваат месечните приходи од 1.000 евра,  додека се што е над оваа сума ќе се оданочува со 18 отсто. Стапка од 15 проценти се предвудва за доходи стекнати од интелектуална сопственост, закуп и подзакуп, капитал, капитални добивки, игри на среќа и осигурување, а данок граѓаните и фирмите ќе плаќаат и на каматите од своите заштеди во банките, ако добивката е над 15.000 денари годишно.

Воведувањето на праведното одданочување беше дел од предизборната програма на сега владејачката СДСМ. Македонија во моментов има рамен данок односно се плаќа десет отсто на сите приходи кои се остваруваат во текот на годината.


Ирена Смиљанска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.