Владата реши да го раскине договорот за концесија за „Казандол“

14.03.2018 | 09:08
Прочитано: 1442

Владата на Македонија на синоќешната 58. седница реши да  биде раскинат договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина, бакар, злато и сребро, на локалитетот „Казандол“, кој ги опфаќа општините Валандово, Богданци и Дојран.

Сега Министерството за економија во рок од седум дена треба да изготви информација за исполнетост на условите за раскинување на договорот за концесија и за одземање на дозволата за експлоатација на минерални суровини.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.