Владата ќе се задолжува за да ја покрие финансиската „дупка“ во општините

13.03.2018 | 18:02
Прочитано: 1705

Со нови кредити ќе се враќаат старите долгови на општините. Владата ќе се задолжи за 120 милиони евра -  пари со кои ќе треба да се „покријат” општинските долгови кон добавувачите. Ова денеска го потврди премиерот Зоран Заев, кој вети кредит со ниска каматна стапка, а општините ќе треба да го враќаат во наредните 20 години.

„ Ние веруваме дека на тој начин ќе ги рестеретиме општини, ќе им дадеме ветер во грб за нивното унапредување во иднина, но иста така овие пари стигнуваат и до домашните компании на кои им должат општините.“ - изјави Заев.

И покрај најавите дека кредитот ќе изнесува скоро двојно повеќе, односно 250 милиони евра, со одлуката на Владата тој е преполовен. Според последната статистика на Министерството за економија пак, вкупниот долг на општините е многу поголем, а само по основ на неплатени обврски, општините должат 346 милиони евра. Меѓу најзадолжените се Тетово, Струга, Велес, Гази Баба, Карпош, а има и општини чии сметки се блокирани со години како Охрид и Куманово.   

Статистиката на Државниот завод за ревизија пак, покажува дека дел од најзагрозените општини, трошеле недомаќински, па наместо да ги враќаат долговите, започнале нови инвестиции и вработувале нов кадар. Токму затоа, реагираа и дел од експертите,  кои  порачаа дека позајмица не е трајно решение и побараа индивидуална одговорност за „расипничкото“ трошење.


Ирена Каревска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.