Владата ќе го продава мерцедесот преку јавна аукција

13.02.2018 | 20:17
Прочитано: 1427

Владата вечерва соопшти дека е донесена одлука да го продаде мерцедесот бенц C600 којшто беше набавен во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Продажбата ќе се изврши преку електронскиот систем за јавно наддавање, а почетната проценета вредност на автомобилот, согласно проценката на  Бирото за судски вештачења, изнесува 230.000 евра.

Јавното наддавање ќе се изврши електронски на интернет страницата www.е-aukcii.finance.gov.mk.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.