Владата и засегнатите страни го подготвуваат новиот закон за слободен пристап до информации

12.02.2018 | 17:41
Прочитано: 903

Санкции за иституциите кои нема во рок да дадат информација од јавен карактер, намалување на рокот за доставување на информациите и отчетност од политичките партии и верските заедници – се само дел од барањата на синдикатите и здруженијата за новиот закон за слободен пристап до информации од јавен карактер. Нови законски решенија се потребни за заложбите за транспарентност да не останат декларативни, согласни се министерството за правда и засегнатите синдикати.

„Да се зголемат ингеренциите на самата комисија која многу често ажурно работи, но нема алатка да ја принуди администрацијата доколку таа не сака да го даде податокот. Бараме со закон да се специфицира и зајакне обврската на институцијата да го направи тетсотѕ за штетност.“ - вели Тамара Чаусидис – Претседател на ССНМ.

Во петокот се одржала средба во министерството за правда на која било договорено да се формираат работни групи. Дел од предлозите веќе се доставени до министерството.

„Работните групи се уште не се формирани, ќе се формираат наскоро. Чекаме да пристигнат уште предлози.“ - велат од Министерство за правда.

Актуелниот закон за слободен пристап до информации од јавен карактер им остава простор на институциите да ја заобиколат обврската за отчетност, па токму затоа, според синдикатот потребно е воведување и тест за штетност.  Новинарите досега чекаа и по шест месеци за информација која институциите треба да достават за најмногу 30 дена.

„За пример, ние во БИРН баравме податоци од МРТ за договорите со независните продукции. Барањето беше испратено на 14 август, а сите податоци ги добивме минатата недела. Со двапати понедување на жалби и укажувања ги добивме по шест месеци.“ - вели Чаусидис.

Освен законските измени, ставот на претставниците на медиумите и синдикатите е дека мора да се гарантира и спроведувањето на законот. Според искуството на новинарите истражувачи, финансиските институции и безбедносните органи  досега беа најзатворени за давање информации. Во поглед на нетранспарентноста, слична е перцепцијата и за правосудниот систем.


Кристина Атовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.