Владата го усвои законот за финансиска подршка на инвестициите

13.03.2018 | 18:46
Прочитано: 1524

Владата попладнево го усвои предлог законот за финансиска поддршка на инвестициите, каде покрај странските и домашните инвеститори, свое место во законот добија и инвестициите од дијаспората, како инвестиции од значаен интерес за Македонија.

Овој закон ја воспоставува правната рамка за реализација на мерките на владата од програмата за економски раст. Согласно овој закон, за почетни инвестициски вложувања на деловни субјекти основани од државјани на Македонија, коишто имаат живеалиште или привремен престој надвор од земјава и доколку инвестицијата се однесува на: инвестициски проекти од значаен економски интерес за Македонија, пораст на капитални инвестиции, откуп на материјални средства од деловни субјекти со потешкотии, или во делот на зголемување на конкуретноста на пазарот, финансиската поддршка се зголемува за дополнителни 10 отсто, информираат од кабинетот на министерот за дијаспора.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.