Владата го декласифицира договорот за името

14.06.2018 | 17:06
Прочитано: 2392

Со потпишување на договорот, како што стои во член 1 од документот, тој станува конечен и по стапувањето во сила, престанува важноста на привремената спогодба потпишана во Њујорк на 13 септември 1995 година.

Согласно договорот, официјалното име за севкупна употреба ќе биде Република Северна Македонија. Со Договорот се предвидува превод на името Република Северна Македонија на сите јазици. Во однос на јазикот, предвидено е македонски јазик, преведлив на сите јазици. Во ОН останува да пишува - македонски јазик - без каква било фуснота со дообјаснување.

Основата на Договорот е тоа што во него прецизно е утврдено како Грција го толкува поимот „Македонија“ и „македонски“ и тоа, како ние за нас го толкуваме поимот „Македонија“ и „македонски“. Со Членот 7 од Договорот се прави јасна дистинкција дека поимот „Македонија“ и „македонски“ во Грција го означува „хеленскиот дел од историјата“. Во Договорот е утврдено дека „Македонија“ и „македонски“ во наш контекст ги отсликува нашата територија, нашиот јазик, народ со сите атрибути, историја, култура и наследство, различни од оние во Грција.

Член 7
„Страните признаваат дека нивното сфаќање за термините „Македонија“ и „македонски“ се однесува на различен историски контекст и културно наследство. Ништо во овој договор не е наменето да ја омаловажи на кој било начин, или да ја измени или да влијае на употребата од страна на граѓаните на која било од страните“.

Во Договорот има член што нотира научен факт дека македонскиот јазик е дел од јужнословенска група јазици. Државните институции ќе го следат принципот на Договорот - новото утврдено има на државата. Сите други органзиции/компании/здруженија може слободно да се именуваат како македонски и да ја користат придавката македонски. Химната, грбот и знамето остануваат и не се менуваат. Спомениците изградени во рамки на проектот „Скопје 2014“, што ја отсликуваат хеленската култура како историско и цивилизациско наследство на светот, ќе го добијат тој епитет.

Член 8
Доколку која било од страните верува дека еден или повеќе симболи што претставуваат дел од нејзиното културно наследство или културно наследство се користат од другата страна, ќе ја извести другата страна за таквото наводно користење, а другата страна ќе преземе соодветни корективни мерки за ефикасно решавање на прашањето и обезбедување почит кон споменатото наследство“.

Споменикот Воин на коњ ќе се преименува во „Александар Македонски“, нема да уривање на споменикот, бидејќи останува како симбол на пријателството меѓу двете држави и Александар Македонски е дел од светското наследство. Не смее повторно да се користи симболот прикажан на поранешното национално знаме и тој треба да се отстрани од сите јавни места. Во рок од еден месец по потпишувањето на договорот, треба да се основаат стручно-експертски комитет за историски, археолошки и образовни прашања.

„Секоја страна ќе се придржува кон препораките на Конференцијата на ОН за стандардизација на географските називи во врска со употребата на официјалните географски  називи и топоними на територијата  на другата страна, со што ќе и се дава приоритет на употребата на ендонимите над егзонимите“.

Остануваат кодовите МК и МКД, а имплементацијата на Договорот ќе се случува етапно. Ќе стапи во сила откако двете страни ќе го прифатат согласно внатрешни процедури.


Христо Марковски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.