Виножито: Националниот идентитет е заштитен

19.06.2018 | 11:34
Прочитано: 4021

Префиксот Северна не го оспорува македонскиот национален идентитет, но самото име асоцира на поделеност – вели за ТВ24, Павле Васкопулос Филипов, дел од колективното претседателство на Виножито. Република Северна Македонија според него е идеално за иредентистичките идеологии од балканот за кои, вели сеуште се присутни.

„Имаме јасно и прецизно дека географксите префикси не го оспоруваат идентитетот.“ - вели Павле Воскопулос Филипов.

Филипов вели оти во Грција сеуште не се познати сите детали од договорот за спорот со името. Но, главна тема во тамошните медиуми, не е префиксот Северна, туку националниот идентитет и македонскиот јазик.

„Тука сеуште не знае каков е договорот. Кај грчките медиуми проблем е дека станува збор за почитување на македонскиот национален идентитет и на јазикот.“ - вели Воскопулос Филипов.

Како дел од договорот за решение на спорот со името, Македонија ќе треба да направи уставни измени во делот за заштита на малцинствата. Членот 49 од уставот кој ја регулира заштитата на македонското малцинство вон границите на земјата ќе претрпи измени, со тоа што како што посочи премиерот Заев образложувајќи го договореното, не станува збор откажување од малцинствата, туку за усогласување со европската пракса.


Јован Ѓорговски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.