Вевчански карневал

13.01.2018 | 20:11
Прочитано: 2627

Илјадници маски, интересни и оригинални денеска во вевчани приредија вистински спектакл. Саритични и колоритни исмеваа се што било актуелно минатата година.Со оро и песна на сред село многубројните василичира одиграа вистинска драма и докажаа дека се мајстори за добра забава.

Критикуваа се што не им се допаѓа, се што ги нервира, глупоста човекова што заслужува да биде јавно исмеана. А на тапет и оваа година беа домашните и светските политичари. Во Вевчани се продаваше името за 10 ден, се дишеше чист воздух,се исмеваа пратениците и нивните трошоци а еве какви пораки тие испратија за гледачите на тв 24.

Главните улоги по традиција ги имаа невестата и зетот и глупавиот август кои први го заиграа орото. Откако продефилираа прво горно, па долно маалци заеднички се упатија на изворите да наполнат вода. Со оро и песна тргнаа во посета на куќите да соберат некој денар и да ги истераат лошите мисли на соселаните.

Изработени до совршенство маските и денеска зборуваа за нивните лични замерки. Некој една година, друг за еден ден важно сите во Републиката Вевчани денеска беа под маски кои до последниот ден беа тајна.

Домашни и странски гости, политичари сите дојдоа да видат што тоа Вевчанци приредија за денеска. Градоначалникот Сашо Јанкоски вели дека Вевчанскиот карневал стар 1400 години има потенцијал да доживее уште поголеми успеси и посетеност во иднина. Тој вели дека и стари и млади се повеќе ја почитуваат старата вевчанска поговорка:  Каде и да си за Василица во Вевчани да си.

По традиција утре по завршувањето на карневалот ќе се палат маските, односно ќе се гори се што не било добро минатата година. Но, во меѓувреме во Вевчани продолжува забавата, со оро и песна, чашка вино или  ракија во вжештена атмосфера се слави Василица. Онака како што наложува обичајот три дена слава во духот на овој христијански празник.


Адријана Митевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.