Вевчански карневал

04.01.2018 | 17:28
Прочитано: 2278

Со уникатни маски кои се кријат до последниот час Вевчанци се подготвуваат за традицијата стара илјадници години - Вевчанскиот карневал кој според организаторите и годинава ќе биде театар на отворено посветен на критиката на општествено политичките случувања кои ја одбележаа минатата година. Вевчанци горди на традицијата ветуваат многу забава, а очекуваат дека манифестацијата ќе собере над 10.000 посетители.

„Што се однесува до тоа што Вевчани е приказна за себа, во главната улога е Вевчанскиот карневал. Тоа е еден тотален театар во кој посебно Вевчанците, но и тие кои се присутни  можат да ја почувствуваат тоталната слобода“, вели Тонско Симун Лешоски

Вевчанскиот карневал ќе трае три дена, од 12-ти до 14-ти јануари. Дефилето на маскираните групи од Горно и Долно маало од Вевчани ќе го означат  стартот на карневалската забава.

„На 13 јануари во вечерните часови, а во пресрет на дочекот на православната Нова година ќе настапат Чалгија саунд систем,  оркестар Џамбо Ангушев и Блага Петреска“, вели Тонско Сашо Јанкоски- Градоначалник на Вевчани

Карневалот е уникатен бидејќи успева народните традиции да ги спои со една отворена критичка култура рече  министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

„Овој фестивал има огромен потенцијал да го развие руралниот и културниот туризам и ние во таква насока сакаме да го видиме идниот развој на фестивалот“, вели Роберт Алаѓозовски-министер за култура

Карневалот кој се изведува во чест на верскиот празник Свети Василиј Велики има традиција постара од 1.400 години, а секоја година привлекува илјадници  домашни и странски гости.  Покрај Вевчанскиот карневал домаќините на едно од најпосетените туристички места под Јабланица се парите и пасошот кои  се дел од туристичката атракција и понуда која им се нуди на гостите.


Елена Милошовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.