Вевчанци од септември со регистарски таблички VV

22.08.2013 | 12:23
Прочитано: 2541
Од први септември жителите на Општина Вевчани ќе добијат можност да извадат регистарски таблички со ознаката VV. 
 
Новото регистрациско подрачје Вевчани - со ознака VV, што го опфаќа регионот на вевчанската општина, се воведува со изготвените измени на Правилникот на регистрациските подрачја, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. 
 
Од 1.март се воведоа шест нови регистрациони подрачја за возилата, за  берово, делчево, виница, неготино, ресен и свети николе, со што вкупниот број на регистрациони подрачја во република македонија од постоечките 17 во 2009 година се зголеми на 23. Во Правилникот за регистрационите подрачја за возилата и нивните ознаки пред овие измени беа додадени и подрачја Гевгелија, Кавадарци, Кичево, Кочани, Крива Паланка, Радовиш и Струга.

Коментари (1)

avdi

Vi cestitam ,bravo VEVCANCI. VI pozeluvam da za 5 godini da bidete DRZAVA. Moj veleshtanci se iste vo golem son. Veleshta bese vo pravec za da bidit OPSTINA ali slaba politika , i sega se pod struga . PAK VI POZELUVAM SVE NAJBOLJE I DA BIDETE DRZAVA . SAMO NAPRED. pozdrav do 24vesti.---- avdi.

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.