Верстапен ја призна вината за судирот со Фетел

15.04.2018 | 14:55
Прочитано: 1663

Возачот на „Ред Бул“, Макс Верстапен призна дека е виновен за денешниот судир на трката за Големата награда на Кина во Шанагај со пилотот на „Ферари“, Себастијан Фетел, поради премногу амбициозниот обид за претекнување.

Холанѓанецот беше многу брз со новите гуми и очигледно беше дека ќе го прeтрка Германецот. Тој сепак се обиде со ран напад, по што двајцата возачи се судрија и се завртеа на патеката. На крајот возачот на Ферари остана на осмо, додека Макс го зазеде петтото место по казна од 10 секунди.

- Видов дека Себ има проблеми со гумите и се обидов да запрам подоцна во свиокот. Но, ги блокирав задните гуми и го удрив. Се разбира, грешката беше моја, изјави Верстапен по трката.

Тој додаде дека такви инциденти никој не сака да гледа и би било лесно по трката да са каже дека требало да почека.

- Веројатно тоа ќе беше најдобра идеја, но за жал дојде до судирот, додаде Холанѓанецот, кој има само 18 поени по три изминати трки од новата сезона на Формула 1.

Фетел е прв во генералниот пласман со 54 поени.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.