Венус ја елиминира Серена во сестринското дерби за осминафинале на Индијан Велс

13.03.2018 | 14:57
Прочитано: 786

Серена Вилијамс по бременоста, брзо се врати на терените. Успешно мина три рунди на Индијан Велс, но налета на постарата сестра Вилијамс, Венус, која за прв пат по 2014-та се израдува на триумф против поранешната број еден. 

Во нивната прва пресметка на Индијан Велс, а 29-та меѓусебна, Венус без прблеми славеше во два сета (6-3, 6-4). Ова е 12-та победа за Венус во сестринските дуели, кои се уште се во корист на Серена со пет победи повеќе – 17.

Во осминафиналето, Венус ќе игра против Алесија Севастова, која ја елиминира 12-тата светска тенисерка, Јулија Гергес, на двапати по 6-3.

Изненадување приреди и Карла Суарез Наваро, совладувајќи ја четвртата носителка, Елина Свитолина со 7-5, 6-3. Осминафинале изборија уште и Возњацки, Кербер, Гарсија, Колинс и Касаткина.


Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.