Вељаноски: Ваквото водење на процесот создаде партиска поларизација

10.10.2018 | 14:10
Прочитано: 900

„Изминативе 18 месеци, наместо државата и власта да се посветат на темите за 500 евра просечна плата, повеќе странски инвестиции или 100.000 денари плата за лекарите, еден потесен круг во владата реши да се занимава исклучиво со менувањето на името и Уставот на Република Македонија“. Истовремено, играњето само на картата на договор со Грција за менување на името и менувањето на Уставот на Република Македонија, овој тесен владин круг реши да го претстави како национален приоритет. Но, националните приоритети изискуваат национална соработка и консензус, што за жал владата не сакаше, ниту се потруди да го постигне“ рече пратеникот Трајко Вељаноски на Комисијата за уставни прашања.

Пратеникот потенцираше дека „ниеден пратеник ниту пратеничка група не беа вклучени во овој национален процес. Ниедна опозициона политичка партија или коалиција не беше суштински вклучена во тие тајни и затворени преговарања. Ниедна група на стручни лица по уставно право, трговско право, меѓународно право или историја не беше поканета на ниту една јавна дебата пред да се потпише Договорот од Преспа, бидејќи власта не ни помисли да организира ниту една јавна дебата“.

„Ваквото водење на процесот од тесна група на владејачки политичари, наместо јавни дебати за ова национално прашање, резултираше со тајни преговори. Наместо консензус на политичките партии, создаде партиска поларизација. Наместо обединетост на граѓаните, доведе до дополнителна поделеност во општеството“ - рече Вељаноски.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.