Вечерва се доделуваат Оскарите

04.03.2018 | 16:30
Прочитано: 5137

Вечерва по 90ти пат ќе се доделат најпознатите филмски награди Оскар, во Долби театарот во Холивуд.

Годинава дури девет филмови ќе се натпреваруваат за најдобар филм, а најголем фаворит е филмот „Обликот на водата“ на Гиљиермо дел Торо, кој има и номинации во 13 категории. Зад него е филмот „Dunkirk” со осум и  „Three Billboards Outside Ebbing, Missouri” со седум номинации.

Дизајнерот Дерек МекЛејн повторно го осмисли изгледот на сцената, и се погрижи таа да изгледа спектакуларно. Сцената ќе биде украсена со 45 милиони Сваровски кристали. Актерите Феј Данавеј и Ворен Бити и годинава ќе го доделат Оскарот за најдобар филм, иако минатата година згрешија при прогласувањето за најдобар филм. Дури откако екипата на „Ла Ла Ленд“ се качи на бината Данавеј и Бити сфатиле дека добиле погрешен плик. Добитникот беше „Moonlight“, преседан што се нема случено на Оскарите.

Доделувањето започнува во 20 часот по локално време. Ова се категориите каде битката за Оскарот ќе биде најголема. Водител ќе биде Џими Кимел, церемонијата ќе се емитува и во живо на страната на АБС која традиционално ги пренесува Оскарите.

Најдобар филм:

- "The Shape of Water"

- "Three Billboards Outside Ebbing, Missouri"

- "Lady Bird"

- "Get Out"

- "The Post"

- "Dunkirk"

- "Call Me By Your Name'"

- "Phantom Thread"

- "Darkest Hour"

 

Најдобра режија:

- Гиљермо Дел Торо "The Shape of Water"

- Кристофер Нолан "Dunkirk"

- Џордан Пил "Get Out"

- Грета Гервик "Lady Bird"

- Пол Томас Андерсон "Phantom Thread"

 

Најдобар актер:

- Тимоти Шамал "Call Me By Your Name"

- Даниел Деј Луис "Phantom Thread"

- Даниел Калуј "Get Out"

- Гери Олдман "Darkest Hour"

- Дензел Вашингтон "Roman J. Israel, Esq"

 

Најдобра Актерка:

- Сели Ховкинс "The Shape of Water"

- Френсис МекДорманд "Three Billboards Outside Ebbing, Missouri"

- Маргот Роби "I, Tonya"

- Серше Ронан "Lady Bird"

- Мерил Стрип "The Post"

 

Најдобра машка споредна улога:

- Вилјам Дафо

- Вуди Харлесон

- Ричард Џенкинс

- Кристофер Палмер

- Сем Роквел

 

Најдобра женска споредна улога:

- Мери Џеј Блајџ

- Алисон Џејни

- Лесли Менвил

- Лори Меткалф

- Октавија Спенсер

 

Номинација за најдобар странски филм

 "A Fantastic Woman", Чиле

- "The Insult'', Либан

- "Loveless", Русија

- ''On Body and Soul'', Унгарија

- "The Square'' Шведска.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.