Вардарки завршија со победа над Будуќност

10.03.2018 | 21:14
Прочитано: 1024

Будуќност само еднаш сезонава загуби дома и тоа минимално од Ференцварош, но Вардар покажа дека е друга димензија славејќи со сигурна игра во минутите кога беше потребно. Далеку од тоа дека натпреварот беше лесен, напротив, од почетокот наликуваше на некогашните жестоки, изедначи дербија.

Будуќност држеше чекор и не му дозволуваше на фаворитот да побегне до 22. минута, кога важеше 11-11 на семафорот. Но тогаш вардарки ја искористија шансата со ракометарка повеќе и постигнаа четири гола едноподруго, за сепак на пауза да заминат со 15-12.

Вториот дел почна со налет на Црногорките и изедначување во два наврата (15-15, 16-16), но набргу Вардар ја врати позитивата. Со неколку одбрани на Лејно предноста порасна и до пет разлика (24-19), кои делуваа недостижни со оглед на случувањата на теренот, без разлика што имаше уште 15-тина минути до крајот.

Голгетерско надигрување имаа Андреа Пенезиќ и Милена Раичевиќ и двете со по 10 гола од 15 шута, шест од шест имаше Александра Лакребар. Од резултатски аспект поважен за Вардар беше мечот Митјиланд - Никобинг, кој го доби домаќинот и се промовираше во противник на црвено-црните во четвртфиналето.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.