Вардарци го одработеа првиот тренинг во Анталија

16.01.2018 | 19:51
Прочитано: 1534

Македонскиот фудбалски првак Вардар, паузата во зимскиот период ја користи за подготовки во Анталија.

Вардаровите играчи, стручниот штаб и дел од раководството денеска замина во турскиот туристички центар Анталија, а екипата веќе го одработи и првиот тренинг по пристигнувањето во Турција.

Попладнево шефот на стручниот штаб Чедомир Јаневски и неговите помошници, подготвија полесен тренинг, повеќе како адаптација на новите услови кои што играчите ќе ги имаат во следните 20 дена на овие подготовки.

Главен акцент ќе биде ставен за воигрување на тимот, и тоа ќе го стори низ шесте контролни мечеви кои ќе бидат одиграни во Анталија.  

Веќе од утре, екипата почнува со два тренинга на ден до првиот пријателски натпревар против узбекистанскиот тим Пахтакор, кој е предвиден за во недела.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.