Вардар и со прв состав не успеа да победи кај Скопје

11.03.2018 | 16:31
Прочитано: 936

Фудбалерите на Вардар ниту со прв состав не успеаја да забележат победа во првата фудбалска лига, па дури ни на гостувањето кај последнопласираното Скопје.

Фенерџијата успешно се одбрани и го сочува почетниот резултат до последниот свиреж, продолжувајќи ја сопствената серија на пет натпревари без пораз. Вардар тешко доаѓаше до шанса во првиот дел, но веќе во вториот неговата доминација беше евидентна, сепак освен шутеви од далечина и обиди од прекини, не креираше ништо поконкретно.

Барсегјан се обиде неколку пати во второто полувреме, а за Скопје единствениот опасен шут го упати Јаневски, во 90. минута. Покрај Скопје и Вардар, денеска се одиграа уште два други натпревара од 23. коло во ПМФЛ, кои исто така завршија без победници.

ПРВА ЛИГА, 23 КОЛО
Скопје – Вардар 0-0
Победа – Академија Пандев 0-0
Силекс – Шкупи 1-1
ВЧЕРА
Работнички – Шкендија 0-2
Ренова – Пелистер 1-0

ТАБЕЛА: Шкендија 59, Вардар 43, Силекс 36 (-1), Шкупи 29, Работнички 28, Академија Пандев 28, Ренова 25, Победа 22, Пелистер 21 (-1), Скопје 17.


Владко Арсов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.