Вардар и натаму без пораз во СЕХА - „настрада“ Целје

13.02.2018 | 22:26
Прочитано: 1131

Ново шоу во СЕХА лигата приреди актуелниот првак Вардар, кој по сезонскиот прв пораз викендов од Барселона во Лигата на шампионите, брзо се рехабилитираше уништувајќи го Целје во Јане Сандански со убедливи 35:27.

Целје покажа заби само во првите пет минути, кога поведе со 2-1, но Вардар на тоа одговори со фуриозна серија 7-1 за водство од 8:3 веќе во 15. минута. На пауза заминаа и со двоцифрена предност 20:10, а во вториот дел се беше рутина и шанса за тактики на Раул Гонзалес со млади играчи на теренот. Потврда за тоа беше одличното издание на Мартин Поповски со шест погодци од шест обиди. Сепак, Тимур Дибиров со седум гола беше најефикасен, а Страхиња Милиќ брилираше меѓу стативите со 15 интервенци.

Вардар и натаму е на врвот без пораз сезонава во регионалното друштво со 13 победи и едно реми. Во следното коло Вардар гостува во Загреб на 27 февруари.


Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.