Ванеса Трамп во болница поради писмо со непозната супстанција

13.02.2018 | 12:22
Прочитано: 986

Ванеса Трамп, сопругата на синот на американскиот претседател е итно префрлена во болница откако отворила коверт во кој имало бел прашок. Во моментот кога било отворено писмото во апартманот кој се наоѓа на Менхетн биле присутни три лица и поради претпазливост сите биле пренесени во болница, наведуваат од противпожарната служба. Пожарникарите извршиле деконтаминација пред да ги пренесат загрозените. Писмото било адресирано до нејзиниот сопруг, Доналд Трамп Џуниор.

„Среќен сум што Ванеса и моите деца се безбедни. Навистина е одвратно како некои лица одбираат да ги искажат своите ставови“, напиша на Твитер, синот на американскиот претседател.

Во целиот случај се вклучени и агенти на тајната служба која го штити семејството на претседателот и која заедно со локалната полиција го истражува инцидентот. Прелиминарните резултати од истражувањето покажуваат дека во ковертот немало ништо сомнително, соопштија од њујоршката полиција.

Слично писмо добил и основачот на Викиликс, Џулиан Асанж, кој веќе неколку години престојува во амбасадата на Еквадор во Лондон. Чудно е што и јас добив такво писмо минатиот вторник, напиша Асанж на Твитер, додавајќи дека на пликот имало американски поштенски марки.


Стојанчo Мицевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.