Ван Ромпој: Без влез во ЕУ можна е граѓанска војна на територија на поранешна Југославија

22.04.2018 | 17:23
Прочитано: 3680

Поранешниот претседател на Европскиот совет, Херман Ван Ромпој предупредува дека се можни немири во регионот од поранешна Југославија без интеграција на земјите во ЕУ.

Ромпој, кој е поранешен премиер на Белгија и претходник на Доналд Туск во Европскиот совет, во интервју за француските медиуми говореше за отпорот на западните земји членки кон проширувањето и препораката на Европската комисија да се отворат преговори за членство со Македонија и Албанија.

Европската унија е мировен проект и доколку земјите од поранешна Југославија не станат дел од европското семејство, тогаш граѓанска војна може повторно да избие во тие земји, изјави Ван Ромпој.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.