Ужас во Велес - три деца прегрнати изгореа во пожар

20.06.2018 | 22:10
Прочитано: 40927

Трите деца на Никола Давчевски и Марина Антониевска од Велес изгореа во пожар, кога попладнево се запали собата во која живееле.

Децата биле сами дома, родителите ги заклучиле во собата и излегле до продавница. Соседите велат дека ги виделе пламените јазици некаде пред 16 часот и веднаш ја алармирале противпожарната служба, но додека пожарникарите стигнале, децата веќе биле мртви.

Од извори блиски на истрагата дознаваме дека остатоците на изгорените тела биле најдени легнати еден врз друг. Никола и Марина со малолетните деца и уште еден 19 годишен посинок биле социјално загрозено семејство. Соседите раскажуваат дека тука се населиле пред околу две години, но ретко контактирале со луѓе.

Додека траеше увидот родителите им раскажуваа на инспекторите и обвинителката што се случило. Од она што можеше да се слушне, семејството живеело од собирање и продавање пластични шишиња. Откако увидот заврши, родителите Никола и Марина беа однесени на распит во полициска станица, а во две најлонски кеси, остатоците од изгорените тела беа однесени на обдукција.

Освен дека е дадена наредба за аутопсија, други официјални информации околу причината за пожарот нема. Од обвинителството велат дека утре ќе има првични сознанија за тоа што се случило во куќата, во која изгореа три деца.

 


Владимир Тевчев
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.